Не развива секој ист имунитет по вакцинацијата, но ни по болеста: Д-р Марија Гњатовиќ за заштитата од ковид-19 – ММС
ММС

Објавено на: 05/14/21 10:11 AM

Не развива секој ист имунитет по вакцинацијата, но ни по болеста: Д-р Марија Гњатовиќ за заштитата од ковид-19

До крајот на месецот во Европа се очекува одобрувањето за вакцинација на деца од 12 до 15 години. Во соседна Србија пак, тинејџерите од 16 и 17 години може да се вакцинираат во консултација со педијатар. За помалите од 12 години мора да се испитаат дозите, па за оваа категорија деца не се очекува вакцинација пред 2022-та година.

Според д-р Марија Гњатовиќ од Институтот за примена на нуклеарна енергија може да се види дека вакцините од различни производители не штитат исто, но секако со вакцинацијата ќе се заштитат поголем број лу број луѓе отколку по природен пат. Говорејќи за новите соеви на вирусот, докторката изјави дека кога организмот ќе се зарази природно се стекнува заштита на повеќе протеини, но со вакцинацијата се стекнува имунитет само на протеинот С, кој подлежи на промени.

Таа вели дека луѓето кои имале природна инфекција и потежок или средно тежок облик на болеста имаат добар имунитет, а има и луѓе кои биле с лесна клиничка слика, но стекнале пократкотраен имунитет.

„Веројатно вакцините ќе бидат помалку ефикасни кон новите соеви на вирусот“, нагласи докторката додавајќи дека антителата во однос на С протеинот се најјаки.

Вакцините против обичниот грип се петвалентни, па се поставува прашањето дали антиковид вакцината треба да биде двовалентна или можеби и повеќе.

„На тој начин би можеле некако да ја измитираме природната инфекција, би го натерале организот да создаде антитела кон различни протеини, би имале поголема палета на заштита“, додаде Гњатовиќ. Таа очекува дека ќе се направат и повеќевалентни вакцини за ковид-19 бидејќи вирусот мутира и претпоставува дека испитувањата во оваа насока веќе се почнати.

 

Извор:  mondo.rs