Вечерва во скопската населба Ченто, возач предизвикал сообраќајна незгода удирајќи неколку возила и избегал од местото на незгодата, информираа неофицијално извори на mms.mk oд МВР.
Возачот и возилото се пресретнати од Интервентната единица кај Арачиново.
Повеќе официјални информации се очекуваат во текот на вечерта. Во меѓувреме, на социјална мрежа „Твитер“ се појави видео-материјал од превртеното возило и единици на МВР на терен.
Полициска потера по БМВ кое во бегање пресекло пат на комбето кое се превртело како што е на видеото. Лицето од БМВ излегло со пиштол но било совладано од интервентна полиција – очевидци од Сингелиќ 👉 pic.twitter.com/KgUZrQIrAX
— 🅰️псаана (@aps_aana) May 13, 2021
Доцна вечерва со соопштение официјално информираше и МВР.
-Вечерва се ширеа лажни вести за наводна престрелка во скопската населба Ченто и дури лицитираат со повеќе убиени. МВР апелира до граѓаните да не наседнуваат на вакви подметнувања и да не веруваат на лагите, туку да се информираат од проверени информации. Во Ченто вечерва имаше сообраќајна незгода, а не престрелка, како што беше објавена лажна вест, информираа од МВР.