Од Истанбул, Лондон, за да на крајот финалето од Лигата на шампионите заземе место во Португалија, Порто.
На стадионот „Драгао“ на двократниот европски првак, англиските претставници Манчестер Сити и Челзи ќе ги вкрстат копјата во големото финале на 29-ти мај, во обид да ја крунисаат сезоната освојувајќи го најпосакуваниот сребрен „ушко“.
Финалето првично беше закажано за Истанбул, но здравствената ситуација со пандемијата на коронавирусот во земјата и наоѓањето на Турција на „црвената листа“ за патување на Велика Британија, ги натера челниците на УЕФА да пронајдат алтернативно решение.
Легендарниот „Вембли“ во анлиската престолнина беше една од опциите. Сепак, неуспешните преговори на Европската куќа на фудбалот и британската влада го променија текот на настаните.
„Драгао“ има капацитет од 50.000 седишта, кои со сигурност нема во целост да бидат исполнети, додека пак навивачите на Сити и Челзи ќе добијат по 6.000 билети за да можат одблизу да ги бодрат своите пулени.
На патот кон Порто, Манчестер Сити ги елиминираше Борусија Менхенгладбах, Борусија Дортмунд и ПСЖ, а Челзи мораше во елиминациите преку Атлетико Мадрид, Порто и Реал Мадрид до третото за нив финале во клупската историја.