Со помагањето на другите си помагаме и себеси: Активната вклученост во заедницата го подобрува животот – ММС
ММС

Објавено на: 05/13/21 11:11 AM

Со помагањето на другите си помагаме и себеси: Активната вклученост во заедницата го подобрува животот

Има многу причини зошто да се вклучите поактивно во вашата заедница, да волонтирате и да пронајдете начин како да им помагате на другите. Помагањето на другите го зголемува чувството на задоволство.

Кога им помагаме на другите го зголемуваме чувството на задоволство дека сме направиле нешто корисно. Тоа не’ прави посилни и од физички и од психички аспект.

Со помагањето го зајакнуваме имунитетот

Кога се чувствуваме задоволно нашето тело го лачи хоромонот на среќа. Ова пак, позитивно влијае на регенерација на телото и зајакнување на имунолошкиот систем.

Фокус на другиот

Кога им помагаме на другите нашиот фокус е на нив, па помалку мислиме на своите проблеми

Чувствуваме повеќе благодарност

Со помагањето на другите ние всушност добиваме увид со предизвиците и потешкотиите со кои некои луѓе се соочуваат. На овој начин стнуваме посвесни за нашите сопствени проблеми и предностите во однос на другите. Со помагањето се потсетуваме за колку работи може да бидеме благодарни

Запознаваме нови луѓе

Исполнителните, блиски односи со другите се еден од најважните извори на задоволство во животот. Со активностите на помагање ние создаваме прилики за дружење, запознавање, пријателски, деловни и пријателски врски. Колку повеќе сме вклучени во заедницата, толку повеќе сме корисни и важни.

Развиваме одредени вештини

Со волонтирањето и помагањето ние создаваме прилики за учење и практикување на нови вештини. На овој начин создаваме и прилики подобео да се запознаеме себеси, односно прилики за личен раст и развој.

Фото:  Илустрација / Freepik

Извор:    prakticanzivot.com