Анастасија Ражнатовиќ се појави на еден настан во Белград и на новинарите не само што им ги откри причините за нејзиниот променет имиџ, туки и за љубовниот живот на мајка и.
“Мајка ми беше сама толку години и се бореше сама за се, така да мислам дека на неа машката фигура не влијае на нејзината сила. Тој може само да и го направи животот поубав. И значи нашето мислење, но мислам дека немаме право да и се мешаме. Можеме само да ја поддржиме. Таа е задоволна и од мојот и од изборот на Вељко “- рече Анастасија.