И Велес ќе добие пункт за масовна вакцинација – ММС
ММС

Објавено на: 05/12/21 6:45 PM

И Велес ќе добие пункт за масовна вакцинација

Велешани масовно ќе се вакцинираат во спортската сала на Средното стручно училите „Коле Неделковски”. Вакциналниот пункт ќе има 15 кабини за имунизација  и една кабина  наменета за Прва помош, доколку на некој од вакцинираните граѓани му се влоши состојбата. Вакцинацијата ќе ја спорведуваат осум специјализирани доктори и 30 медицински сестри од ЈЗУ „Здравствен Дом” Велес.  

– На 21 и 22 мај, планираме да има пробно вакцинирање. Во текот на вчерашнот ден ја имавме првата средба со преставник на Министерството за здравство кој е одговор за пунктовите за вакцинирање, на лице место во спортската сала на училиштето „Коле Неделковски”. Заедно со директорот на Здравствен дом Велес и со директорката на училиштето ги договоривме сите детали, рече Градоначалникот Аце Коцевски на денешната пред-конференција.

Во подготовките на вакциналниот пункт, покрај Општина Велес, ќе учествува и бизнис заедницата. Дел од нив ќе се вклучат со опрема, дел со финансиски средства. 

Покрај велешани во спортската сала ќе се вакцинираат и граѓани од Чашка, Градско, Лозово и Свети Николе. Според Градоначалникот Коцевски,  вакцините благовремено ќе ги обезбеди Министерството за здравство и вакцинирањето ќе започне во вторник, на 25 мај.  

 

Стефани Манева