Избувнал пожар на нива, сопственост на градоначалничката на Могила – ММС
ММС

Објавено на: 08/6/18 1:22 PM

Избувнал пожар на нива, сопственост на градоначалничката на Могила

Синоќа во еден часот после полноќ избувнал пожар на нива во Могила, во која изгореле 1500 бали со сено и слама, сопственост на градоначалничката на Могила, Јасмина Гулевска. На местото на настанот интервенирала Територијалната противпожарна единица Битола и пожарот бил локализиран, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Градоначалничката Гулевска реагираше преку соопштение потенцирајќи дека пожарот е подметнат од непознати сторители со запаливо средство, а со пожарот е предизвикана материјална штета. Таа напоменува дека претходно, после завршувањето на локалните избори, минатата година во месец декември бил подметнат пожар во кој што изгоре општинска слама која беше наменета за производство на пелети за огрев. И двата случаи се пријавени во Секторот за внатрешни работи од Битола, а Гулевска очекува да се пронајдат и санкционираат сторителите.

Како градоначалник на Општина Могила, преку соопштението повикува на смиреност и воздржување од подгревање на тензиите, а како локална власт се трудат да изградат општество без поделби и дискриминација по било каква основа.