Принцот Чарлс намерно ја испуштил Меган Маркл во објавата на социјалните мрежи во која му го честита роденденот на Арчи, тврдат експертите.
Меган Маркл не била на фотографијата која принцот Чарлс ја споделил на Инстаграм и Твитер додека на својот внук му честита втор роденден.
Експертите тврдат дека роденденската порака на принцот Чарлс за неговиот внук Арчи би можело да биде намерен „удар“ за Меган Маркл.
-Тоа го гледам како намерен знак на принцот Чарлс, рекол Данлан Ларкомб за Мирор.
Објаснил дека е уверен дека принцот Чарлс размислува доволно за да знае колку е чувствителна ситуацијата со неговиот помлад син и неговата сопруга.
-Би бил изненаден ако принцот Чарлс не знае што точно прави.
Happy birthday to Archie, who turns two today. 🎂
📸 Chris Allerton pic.twitter.com/HwvTBzphJu
— The Prince of Wales and The Duchess of Cornwall (@ClarenceHouse) May 6, 2021
Извор: Srbijadanas.com
Преведено:М.П.Насковска