Иако претставничката на Матла веќе со месеци не се симнуваше од првото место како фаворит во обложувалниците, откако во неделата беа одржани првите проби за Евросонг во Ротердам, ситуацијата се промени, а на фановите не им се допадна ниту нејзиниот прв настап ниту модната комбинација.
Дестини (18) беше апсолутен фаворит се до пробата по која падна на второто место во обложувалниците и и ја препушти улогата на француската претставничка Барбара Прави која се уште не ја одработила својата проба.
Дестини носеше розерва комбинација која не сокриваше премногу, а на нозете имаше чизми од иста боја која не ја слушаа во текот на настанот и паднаа до под колената.
Фановите на Евросонг се воодушевени од нејзиниот вокал, но многумина се разочараа од сценскиот настап и стајлингот.
Дури и сериозните критичари на Евросонг велат дека нејзиниот настап е лош, не само поради тоа што таа не игра, туку поради несигурноста на сцената и постојаното гледање во подот.
Извор и фото: 24sata.hr