За да исчистите патики и да се ослободите од непријатните мириси, обидете се со овој едноставен метод.
Ако патиките или чевлите што често ги носите секој ден, голема е веројатноста да почнат да мирисаат непријатно.
Комбинацијата на пот и топлина е совршена за развој на бактерии. За да ги исчистите патиките и да се ослободите од непријатните мириси, испробајте го овој едноставен метод.
Потребен ви е детергент и оцет. Доколку патиките можат да се мијат во машина за перење, ставете ги на лесно и топло миење со мала количина детергент и една чаша оцет. Не додавајте омекнувач бидејќи може да ги уништи вашите патики.
Откако ќе завршите со миењето, ставете ги на сонце да се исушат. Никогаш не ставајте ги на сушење бидејќи лепилото може да ослабне и патиките да се распаднат.
Доколку патиките не ви одговараат за машина за перење, измијте ги рачно.
Преземено од: http://www.svetplus.com/