Европската комисија нема да ја обнови нарачката на вакцини од АстраЗенека – ММС
ММС

Објавено на: 05/9/21 2:52 PM

Европската комисија нема да ја обнови нарачката на вакцини од АстраЗенека

Европската унија нема да ја обнови нарачката за вакцини на АстраЗенека против коронавирусот по истекот на договорот во јуни, изјави денеска европскиот комесар за внатрешен пазар Тиери Бретон.

Европската комисија покрена правна постапка против АстраЗенека минатиот месец за непочитување на договорот за испорака на вакцина и за немање сигурен план за да се обезбеди навремена испорака.

„Нема да ја обновиме нарачката по јуни. Ќе видиме што ќе се случи“ – рече Бретон, истакнувајќи дека станува збор за „многу добра вакцина“.

Бретон исто така изрази очекување дека цената на неодамнешната нарачка на ЕУ за поголеми дози на вакцини Фајзер и БиоНтек ќе биде поголема од порано.

Европската комисија на крајот на неделава објави дека ЕУ потпиша нов договор со „Фајзер“ и „БиоНТек“ за испорака на 1,8 милијарди дози вакцини против Ковид 19 од 2021 до 2023 година.

Преземено од:https://avaz.ba/