Два дена по ред бројот на смртни случаи се намалува: Денеска има 14 починати и 135 позитивни на Ковид 19 – ММС
ММС

Објавено на: 05/9/21 2:08 PM

Два дена по ред бројот на смртни случаи се намалува: Денеска има 14 починати и 135 позитивни на Ковид 19

Нови 135 позитивни на Ковид 19 и 14 починати. По пдоолго време бројот на смртните случаи во нашата земја два дпоследователни дена се намалува.

Од направени 1.993 тестирања во изминатото деноноќие, регистрирани се 135 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 74, Куманово – 11, Битола – 7, Виница – 6, Прилеп , Тетово и Струмица – по 5, Охрид и Пробиштип – по 3, Велес, Штип, Кичево, Ресен и Радовиш – по 2 ,Кавадраци, Струга, Кочани, Свети Николе, Крива Паланка и Крушево – по 1.

А бројот на оздравени пациенти изнесува 298 од: Скопје – 119, Куманово – 31,Битола – 30, Штип – 16, Струмица – 14, Велес – 13, Кочани – 11, Кичево – 9, Охрид – 8, Тетово и Виница – по 5, Гостивар, Струга, Свети Николе и Ресен – по 4, Радовиш, Валандово, Богданци и Демир Хисар – по 3, Гевгелија и Пехчево – по 2, Крива Паланка, Берово, Пробиштип, Кратово и Македонска Каменица – по 1.
Според податоците на Министертсвото за здравство, пријавени се вкупно 14 починати лица: 7 од Скопје (47г,64г,69г,71г,72г, 76г и 79г), 3 лица од Куманово (67г,71г, и 85г), и по 1 починато лице од Битола (49г), Струмица (78г), Кичево (82г) и Крива Паланка (85г). Од пријавените, сите 14 лица се починати во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 740.005 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.026, бројката на оздравени пациенти е 137.962, на починати е 5.093, а бројот на активни случаи изнесува 10.971.