Не постои човек кој не ги сака јагодите, а веќе кон крајот на април може да ги најдете по пазарите и продавниците, но не се сите слатки и со совршено сочен вкус.
Пред се важно е да знаете дека поголемиот дел од јагодите кои ги наоѓаме по продажните места се увезени од Турција, Шпанија, па дури и Америка.
Домашните јагоди имаат доста интензивен мирис, па додека поминувате на пазар се чувствува нивниот препознатлив мирис – тоа се најчесто јагоди кои се благи и оние домашните.
Трудете се да избегнувате овошје кое е навистина тврдо, кое свети и има ист облик и големина по полиците.
Домашните јагоди немаат ист вкус на сите страни, поради тоа што сончевите зраци не паѓаат рамномерно на овошјето, покрај тоа тие никогаш немаат ист облик и големина. Домашните јагоди побрзо се расипуваат од увезените, поради тоа што имаат помалку пестициди.
Увезените јагоди имаат совршен облик и се темни, додека домашните имаат и бледо зелена боја, бидејќи се брзо набрани.Бојата на домашните јагоди е иста и внатре и надвор, а семките се ситни и ги има многу.
Извор: Lepaisrecna.mondo.rs