Популарниот пејач Благоја Грујовски по страшната блиска средба со коронавирусот се враќа во здравствена форма, но за пејачките настапи и концерти ќе мора да почека уште некој месец. Музика во живо нема. Музичарите имаат тотална забрана, немаат пензиско здравствено осигурување
– Ние сме целосно забранети и затворени, а бројката на заразени и на починати е голема. Каде се заразиле кога концерти, свадби нема. Што сме ние поопасни од пазарите каде што нема ни маски ни протоколи, По стотици луѓе по маркети, по ресторани, што сме ние поголем ризик од автобисите на ЈСП каде што се возат луѓето како сардини. Журките со музика од лаптоп по ресторани одат непречено со најсилни децибели, а ние не смееме да пееме и свириме Сто души во една кафана е мал концерт, а музичари не смее да има. Нека ни одговорат од комисијата за заразни болести.
На Грујовски најмногу му пречи омразата што извира од луѓето кога ќе речат – абе остави кому му е сега до музика, баталете го тоа.
– Па што сме им згрешиле, цела година паузираме седиме дома, едвај преживуваме. Не загрозивме никого, не заразивме никого и не можам да го разберам тоа .Целата наша бранша тешко го поднесе овој период и емотиво и материјално. Борба за живот. Се се отвори еден период, но забраната за нашата дејност остана цело време. Останавме целосно затворени и дискириминирани – вели Грујовски, кој се надева дека од јуни со вакцинацијата и зголемувањето на колективниот имунитет ќе почне со настапи и концерти.