Имам среќа што сум ангажиран на радио и на некои други проекти и не сум во таква беспомошна ситуација како добар дел од моите колеги. Сепак имав потешкотии. Едно време размислував да отворам некаква мини-пицерија, пица-парче, изјави Петар Младеновски – Пеце од Суперхикс, за емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77.
Младеновски не е оптимистичен во однос на позитивните промени на ова поле и неговите очекувања, поради бавната масовна имунизација на населението во земјава се сведени на минимум.
-Не сум во таква беспомошна ситуација како добар дел од моите колеги, иако имав потешкотии. Имам колеги кои не можат да ги преживеат месеците. Во Англија премиерот на музичарите им рекол да си пронајдат нова работа, кај нас тоа не оди баш така. Јас имам среќа што сум ангажиран на радио и други проекти. Дојдов на мисла едно време да отворам некаква мини-пицерија, пица-парче. Ете мојот драг колега Панчо од ДНК, печеше пици во еден ресторан, вели Пеце од популарниот ска-панк состав.
Здружението за управување на правата на музичарите „Музика сега“, кое претходно најави и протест пред Владата, според Младеновски би можело да прерасне и во комора, бидејќи тоа е во координативно тело со неколку други здруженија. Еднократната и двократната помош што ја добиваат дел од музичарите, не претставуваат долгорочно решение.
д.ј