„Тероризам“ е претешка квалификација за настаните од 27 април, смета Ахмети – ММС
ММС

Објавено на: 05/7/21 6:04 PM

„Тероризам“ е претешка квалификација за настаните од 27 април, смета Ахмети

Квалификацијата „тероризам“ е претешка за учесниците во настаните од 27 април во Собранието, смета лидерот на ДУИ Али Ахмети.

-Овие настани се болни. Применето е насилство врз народните избраници, применета е бруталност, но не и тероризам. Се знае што значи тероризам и каква квалификација е „тероризам“. Така што, мислам дека органите на правдата треба да ја разоткријат целата ситуација, бидејќи станува збор за комплицирана ситуација, изјави Ахмети.

За да се нарече „тероризам“ требаше да биде поинаков начин на дејствување, вели лидерот на ДУИ, додавајќи дека толпата што влезе во Собрание била еуфорична и бесна.

Како што објави ТВ21, Ахмети смета дека органите на правдата треба да кажат дали масата луѓе биле организирани или пак, самоогранизирани, и случајот што поскоро да добие завршница.

МИА