Семејството на Верица Белчовска ќе добие на користење стан во Струмица, најави Бочварски – ММС
ММС

Објавено на: 05/7/21 5:28 PM

Семејството на Верица Белчовска ќе добие на користење стан во Струмица, најави Бочварски

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски попладнево на својот Фејсбук профил објави дека на семејството на Верица Белчовска, чии органи беа донирани, ќе им биде доделен на користење стан во Струмица.

-Имајќи ја во предвид бескрајната хуманост на семејството Белчовски чија ќерка Верица трагично загина во сообраќајна несреќа, а нејзините органи беа донирани, како скромно оддолжување кон ова семејство, денеска на седница на Комисијата за станбени прашања при Владата со која претседавам, едногласно одлучивме да им биде доделен на користење стан во општина Струмица.

Семејството Белчовски ги поместија вредностите во општеството, а граѓаните на Република Северна Македонија бескрајно им се благодарни за највисокиот чин на хуманост, напиша Бочварски.