Она што е реалност со случајот „27 април“ е дека основното човеково и уставно загарантирано право на жалба и второстепена судска одлука на осудените е одземено. Ние не бараме амнестија и милост, бараме само правда, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по едночасовната средба со претседателот на државата, Стево Пендаровски.
Мицкоски наишол на разбирање од страна на претседателот, а освен за настаните во собранието од 2017 години, двајцата разговарале и за актуелната политичка и економска ситуација во земјата.
-Она што е реалност со тој случај е дека основното човеково и уставно загарантирано право на жалба и второстепена судска одлука на осудените е одземено. Осудените ја немаат добиено одлуката на Апелациониот суд од февруари годинава и не можат да искористат вонреден правен лек понатаму и да приложат нови докази до Врховниот суд или до Европскиот суд за човекови права во Стразбур, рече Мицкоски.
Мицкоски од политичарите, особено оние кои се наоѓаат на врвот на власта, побара да ги тргнат рацете од обвинителството и судството и да престанат да дивеат, а од судиите да судат по словото на законот и Уставот.
-Ние не бараме амнестија и милост, бараме правда за осудените лица, а правдата при завршните зборови ја побара и еден од нив во судот. Тој ја призна грешката пред судот, побара од судијата да биде обвинет поради прекршување на законите, но да не биде осуден и обвинет како терорист, бидејќи си ја сака својата држава, додаде лидерот на најголемата опозициона партија.
Фото:
Screenshot / FB / VMRO-DPMNE
д.ј