Машката ракометна репрезентација која со победата над Швајцарија во последното коло од квалификациите го потврди одличниот настап и резервираше билет за Европското првенство во 2022 година, ги доби противниците на големиот турнир. Предводени од Кире Лазаров на клупата и на паркетот, нашите репрезентативци го забележаа најдобриот квалификационен турнир во историјата со остварени пет победи и само еден пораз од силната Данска.
Стариот познаник Данска уште еднаш ќе ги вкрсти копјата со Македонија од 13 до 30 јануари следната година во Унгарија и Словачка. Во групата А, покрај Данска, селекцијата на Македонија ќе се соочи со две екс-југословенски држави, исто така добропознати на стручниот штаб и ракометарите, Црна Гора и Словенија.
Ждребот во Букурешт на ракометарите им донесе нималку наивна група, но впечатокот е дека во оваа форма и со овој начин на работа, Македонија ќе освои едно од првите две места кои водат во следната фаза на Европското првенство.