Вакцината би требало да и’ донесе на Модерна приход од 19,2 милијарди долари – ММС
ММС

Објавено на: 05/6/21 3:11 PM

Вакцината би требало да и’ донесе на Модерна приход од 19,2 милијарди долари

Американската фармацевтска компанија Модерна очекува приход од 19,2 милијарди долари од вакцината против актуелниот вирус.

Оваа компанија во февруари најави дека приходот од продажбата на вакцината оваа година ќе изнесува 18, 4 милијарди долари.  Во првите три месеци вакцината и’ донела на Модерна приход од 1,7 милијарди долари. Вкупниот приход изнесуваше 1,9 милијарди долари во споредба со сумата од осум милиони долари во истиот период ланската година.

Од компанијата напоменуваат дека годинава треба да испорачаат од 800 милиони до милијардa дози од вакцината, а планот е да се испорачаат уште три милијарди во текот на идната година.

Компанијата нагласува дека почетната анализа покажала дека кај лицата на возраст од 12 до 17 години, вакцината има ефикасност од 96 проценти. Модерна информира дека работи и на нова верзија на вакцината, со цел продолжување на времето на складирање во фрижидерите, што би ја олеснило дистрибуцијата особено во земјите со ниски приходи.

 

Извор:  hr.n1info.com