Баба билдерка воодушевува со физичката кондиција: Крева тегови од по 100 килограми и се чувствува подобро од кога било! – ММС
ММС

Објавено на: 05/6/21 1:12 PM

Баба билдерка воодушевува со физичката кондиција: Крева тегови од по 100 килограми и се чувствува подобро од кога било!

Седумдесет и едногодишната, Мари Дафи од Конектикат почнала да вежба на 59-годишна возраст откако се здебелила, а потоа успеала да изгуби 22 килограми во рок од една година. Бргу се навикнала на кревањето тегови и сега поминува во теретана околу 20 часа неделно, а држи повеќе од 30 државни и светски рекорди.

Иако и’ било кажано дека е престара за вежбање во теретана, Мари држи светски рекорди во кревање тегови од 100 килограми, како и во кревање тегови на клупа од 50 и 125 килограми.

Сериозно почнав да одам во теретана пред десет години кога сфатив дека многу сум се здебелила. Се сеќавам дека се шокирав кога се погледнав во огледало и си помислив: „Ова не сум јас“ – додава Мари.

„Бргу ослабев, но потоа сфатив дека колку повеќе тренирам, толку повеќе сум среќна. Имам 71 година, а сега сум во подобра форма од кога било во животот. Изгледам и  се чувствувам подобро отколку кога имав 40 години“, вели таа.

„Разбирам зошто луѓето ми зборуваат дека сум престара за кревање тегови. Понекогаш се прашувам зошто го правам тоа, но негативните коментари кои ги добивам се ништо во однос на бројот на луѓе кои ми кажуваат дека сум ги инспирирала. Тоа е она што ме мотивира. Немам намера сега да се откажам“, нагласува Мари.

Инаку, Мари се обидела да вежба во теретана кога била млада, но тоа не почнала да го сфаќа сериозно се’ додека не наполнила 59 години, кога мајка и’ починала. Вели дека две години поминала седејќи во тага, па во тој период имала околу 80 килограми. Во рок од една година изгубила речиси 22 килограми, а нејзиниот лекар и’ предложил да почне да се занимава со кревање тегови.

Благодарение на тренинзите таа се охрабрила да се пријави на натпревар во 2014-та година. Мари се заљубила во кревањето тегови и почнала секоја година да учествува на меѓународни натпревари.

„Колку повеќе тренирав, толку повеќе уживав. Го сакав секој момент од својот напредок, гледајќи како полека се дефинираат мускулите на моето тело“, истакнала Мари.

Нејзината цел е и понатаму да работи на себе. Таа не сака да изгледа како просечна седумдесетгодишна жена, бидејќи дефинитивно не се чувствува така – пишува Daily Mail.

 

Фото:  Instagram /   mduff2404

Извор:  espreso.co.rs