Национална опсерваторија од Атина: 70 отсто од Мати целосно изгоре – ММС
ММС

Објавено на: 08/4/18 12:08 PM

Национална опсерваторија од Атина: 70 отсто од Мати целосно изгоре

По катастрофалниот пожар на 23 јули во источниот дел на областа Атика, целосно изгореле 70 отсто од областа Мати, а 30 проценти делумно или воопшто, соопшти Центарот за управување со природни катастрофи од Националната опсерваторија од Атина.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, од опсерваторијата соопштуваат дека ортофото картата што покрива површина од 4318 хектари е направена од фотографии снимени со дрон, два дена по пожарот, а има за цел да обезбеди корисни информации за службите на Министерството за инфраструктура и транспорт за справување со последиците од пожарот.

Извор: МИА