Појадокот е најважниот оброк во текот на денот, тој на организмот му дава енергија и поради тоа е многу важно да се внимава што се внесува во своето тело наутро.
Шунка, сланина и колбаси
Преработеното месо има нитрати, а тие ги зголемуваат шансите за заболување од рак на дебелото црево. Двопек, малку посно сирење и варено јајце е посакуваната алтернатива.
Житарици со засладувач/шеќер
Некои житарки се полни со јагленихидрати и шеќери. Кога ги јадеме, нивото на шеќерот во крвта нагло се зголемува и мнгу брзо се спушта. Наместо тоа, одберете житарици богати со влакна и протеини, можете да додадете и мелен лен или ореви.
Палачинки со вештачки јаворов сируп
Јаворовиот сируп спаѓа во категоријата на здрава храна, но вештачките видови на тој сируп се нездрави бидејќи содржат високо ниво на сируп од пченка кој е полн со фруктоза. Последицата е масно ткиво кое се потхранува измеѓу ограните, а тоа е маст која предизвикува рак.
Тесто, крофни, пецива
Освен тоа што се прават од рафинирано бело брашно, полни се со шеќер што е најлош извор на гориво за раните утрински часови бидејќи доведува до брз пораст, па нагло спуштање на шеќерот во крвта. Тоа значи дека побрзо ќе огладнете, но и ќе ги зголемите шансите за дебелеење и дијабетес.
Лајт јогурт
Најчесто се полни со вештачки засладувачи и не се хранливи. Подобро конзумирајте од оние кои имаат помалку маснотии.
Извор: Espreso.co.rs