Можеби сте биле заразени, а не знаете: Промените на ноктите може да се последица на актуелниот вирус – ММС
ММС

Објавено на: 05/5/21 1:22 PM

Можеби сте биле заразени, а не знаете: Промените на ноктите може да се последица на актуелниот вирус

Луѓето што имаат линии на ноктите кои потсетуваат на вдлабнатина веројатно биле заразени со коронавирусот, смета професорот Тим Спектор кој прв откри дека актуелниот вирус предизвикува губење на сетилата за мирис и вкус.

Британскиот експерт сподели фотографија на Твитер и напиша: „Дали ноктите изгледаат чудно?“.

 

„Ковид ноктите“ се’ повеќе се препознаваат како последица на инфекција. Може да се појават без осип на кожата и навидум делуваат безопасно, смета професорот.

Ноктите во просек се обновуваат за 6 месеци, така што нема секој кој имал симптоматски, а особено асимптоматски облик на болеста да забележи промена на нив. Сепак, професорот посочува дека вдлабнувањето на ноктите би требало да се следи како еден показател дека сте го прележале вирусот. Имено, вдлабнувањето на ноктите се присутни и кај луѓето кои прележале некоја друга вирусна инфекција проследена со покачена телесна температура. Исто така, чести се и случаите на кожни болести.

 

Извор:  telegraf.rs