(Видео) Скандал: Пејач фатен на дело со друга жена! Кој кого изневерува или љубовен бумеранг – ММС
ММС

Објавено на: 05/5/21 8:46 AM

(Видео) Скандал: Пејач фатен на дело со друга жена! Кој кого изневерува или љубовен бумеранг

Веста дека Ѓоле Ѓогани наводно ја изневерил Весна Ѓогани одекна во медиумите. Тимот на „Папарацо лов“ фати познат пејач наводно како ја изневерува својата сопруга. Во најавата за емисијата што ќе се емитува вечер, беше објавена цензурирана снимка од бакнежот во автомобилот.

 

– Шокантно откритие, познат пејач фатен на дело со друга жена. Бакнежи за кои мислеа дека никој никогаш нема да ги види, а целиот Балкан ќе ги види. Сите велеа дека тој е еден од најверните на сцената, но нашите снимки зборуваат поинаку – рекоа од шоуто „Папарацо лов“.

Сепак, судејќи според автомобилот на видеото, многумина се посомневаа дека станува збор за Ѓоле Ѓогани, имајќи предвид дека тој имал ист автомобил.

Покрај тоа, во прилог е и видео од гол маж како тренира на плажа, а Ѓоле беше фатен во истата поза пред две години.

Погледнете ја контроверзната снимка:

Извор: srbijadanas.com