Филхармонија ќе одржи концерт по повод годишнината од смртта на Гоце Делчев – ММС
ММС

Објавено на: 05/4/21 11:17 AM

Филхармонија ќе одржи концерт по повод годишнината од смртта на Гоце Делчев

Македонската Филхармонија во четврток, на шести мај, ќе одржи концерт со кој ќе ја одбележи годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Диригент ќе биде Христо Христов од Бугарија, а на програмата ќе се најдат дела од Грид, Хендл, Маскањи, Моцарт, Сибелиус, Вагнер, Офенбах и Бизе. Како солистки ќе настапат Илина Митревска и Десислава Тодорова.

Христов досега имал четири настапи со оркестарот на Филхармонија, додека последниот бил токму по овој повод пред две години. Тој е лауреат на меѓународните конкуреси за диригенти „Јехуди Менухин – 1989, „Прашка пролет“ – 1990, „Игор Стравински“ – 1991.

Член е на повеќе интернационални жирија, а од 2021 година е претседател на Меѓународната фондација за соработка и културен натпревар, која го носи името на неговиот предок, Гоце Делчев.

 

 

 

 

Фото:

studenti.mk