Мртва жена пронајдена пред болницата за ортопедија во Охрид – ММС
ММС

Објавено на: 05/3/21 11:10 AM

Мртва жена пронајдена пред болницата за ортопедија во Охрид

Уште една трагедија се случи во Охрид.

Женско лице без знаци на живот е пронајдено денеска во близина на викенд-куќа крај стариот пат што води од Охрид кон Струга.

Првичните непотврдени информации укажуваат дека се работи за женско лице на возраст од триесеттина години, а телото е пронајдено на потегот спроти Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“.

Екипа на крим-техника на полицијата врши увид на лице место, по што ќе бидат соопштени повеќе информации за околностите и причините за настапувањето на смртта.