Армискиот хеликопер со опрема за гаснење пожар што требаше да го гаси шумскиот пожат околу село Галичник е приземјен поради силниот ветер.
„Последните информации, што ни се и официјално потврдени, е дека армискиот хеликотер со опрема за гаснење пожар, е веќе таму, во близина на Галичник. Стигнал во најбрзо што можел, но не можел да дејствува, заради многу силниот и променлив планински ветер. Хеликоптерот (во мемент на оваа информација) е приземјен на најблиско можно место до Галичник и екипажот е подготвен да дејствува, согласно проценките за временските услови и силината на ветрот, а секако и се дури има и дневна светлина за видливост за летање и дејствување со хеликоптер за гаснење шумски пожар“.
Центарот за управување со кризи (ЦУК), по добиената информација за голем пожар над с. Галичник, околу 13.30 часот, координираше со регионалните центри и локалната самоуправа, па заради непристапноста на теренот ја извести и Армијата, којашто испрати еден хеликотер со ведро за гаснење за пожарот и за заштиа на Галичник. ЦУК истовремено координираше и да се обезбедат и координати и лице на терен за комуникација со хеликоптерскиот армиски екипаж.
Инаку, информацијата за пожарот над с. Галичник, во ЦУК е добиена денеска околу 13.30 часот. Шумскиот пожар заради засилениот ветар претставува потенцијална опасност за селото, но истовремено е опасност и за силите ангажирани за гаснење. Пожарот е на непристапен терен и гори борова шума. Општина Маврово-Ростуше испратила, според правилата, официјално барање на време за хеликоптерска помош за гаснење пожар на непристапен терен.
ЦУК денеска, исто така, ги координира и активностите за шумскиот пожар во Беровско од вчера, којшто за сега не претставува опасност по населени места иако е се уште активен. Од силниот ветар пожарот се проширува. ТППЕ – Берово се на терен се со 1 теренско возило и три (3) пожарникари, и од локалното шумско стопанство, ШС „Малеш“, се на местото на настанот со три (3) теренски возила и 15 вработени.
О.К.