ФОТО: Скопје празно за Велигден – Граѓаните кои останаа дома се прошетаа низ Градскиот парк – ММС
ММС

Објавено на: 05/1/21 2:40 PM

ФОТО: Скопје празно за Велигден – Граѓаните кои останаа дома се прошетаа низ Градскиот парк

Скопје речиси празно за време на велигденските празници, ни пандемијата не ги спречи скопјани да заминат надвор од градот.

Граѓаните уште од четвртокот заминаа надвор од градскиот метеж за да го прослават најголемиот христијански празник Велигден со најблиските.

Туристичките места се преполни за Велигден, но има и такви кои остнаа дома.

Времето денеска  баш и не се погоди, но граѓаните кои останаа во Скопје го искористија денот да прошетаат низ излетничките места во главниот град.

Погледнете ја атмосферата од Градскиот парк во Скопје