Хашкиот трибунал ќе му ја изрече конечната пресуда на Ратко Младиќ на 8 јуни, објави денеска Меѓународниот механизам за остатоци за кривични судови.
Во одлуката потпишана од судијата Приско Матимба Нијамба се вели дека пресудата за жалбите на Обвинителството на механизмот и Ратко Младиќ ќе биде објавена во 15 часот по локално време.
Во 2017 година, со првостепена пресуда, Младиќ беше осуден на доживотен затвор.
Во август 2020 година, одбраната на Младиќ поднесе жалба и побара ослободителна пресуда за сите точки од обвинението.
Преземено од: https://indeksonline.rs/