Директен пренос на социјалните мрежи на богослужбата за Света и Велика Пасха од Бигорскиот Манастир нема да се врши, информираат преку соопштение од Бигорскиот манастир.
„Возљубени верници и почитувачи на Бигорскиот манастир. Ве известуваме дека со оглед на тоа што полицискиот час за Велигден е укинат, манастирот нема да врши директен пренос на социјалните мрежи на богослужбата за Света и Велика Пасха, бидејќи на верниците им се дозволува да отидат во храмовите, под услов да ги запазат предвидените мерки за здравствена заштита“,,стои во соопштението испратено од Бигорскиот манастир.
Од таму информираат дека ќе биде обезбеден пренос на богослужбата на голем видео екран што ќе биде во дворот, со цел сите верници кои ќе присуствуваат во светиот храм да ја следат богослужбата.
„Поради фактот што препорачаниот капацитет на манастирскиот соборен храм е речиси пополнет со бројот на монасите, монахињите од сестринските манастири, штитениците и луѓето што престојуваат во манастирот, ќе биде обезбеден пренос на богослужбата на голем видео-екран што ќе биде поставен во дворот. На овој начин сите што ќе дојдат во Воскресенската ноќ ќе имаат можност да го следат во живо Пасхалното торжество. Ви посакуваме добро Воскресение на сите“, се порачува во соопштенето.