Различни приказни и гласини кружат за Јосип Броз Тито и денес, неколку децении по неговата смрт. Местото на неговото раѓање се менува, се зборуваат за различни занимања, а што правел пред да се појави на историската сцена како партизански водач во Втората светска војна, само се шпекулира.
Официјално се знае многу малку за активностите на Тито во неговата најрана младост. Во неговата биографија пишува дека во 1911 година се вработил во фабриката „Титан“ во Камник. Токму во овој словенечки град е направена фотографија, за која денес се верува дека е најстарата фотографија на Јосип Броз Тито.
Тоа е групна слика на работници направена за време на пауза од еден Чех по име Чинчик, кој исто така работел во фабриката како изработувач на алат.
https://t.co/HXQid5TGJd
NAJSTARIJA FOTOGRAFIJA JOSIPA BROZA: Pažljivo gledajte, možete li da ga pronađete – FOTO pic.twitter.com/ANku1OhkbC— Webtribune.rs (@WebtribuneRs) February 24, 2018
Помалку од една година откако работел на ова место, фабриката банкротираше, а Јосип Броз остана без работа. На работниците им беше препорачано да одат во Чешка и да ја испробаат својата среќа таму, а Тито беше во групата што замина. Од 1911 до 1913 година работел во фабрики во Австро-Унгарија и Германија.
Историската фотографија за првпат е објавена во списанието „Дуга“ во 1975 година и е претставена како најстар спомен на тогашниот маршал на СФРЈ.
Преземено од: https://www.srbijadanas.com/