Претседателот Стево Пендаровски не планира да даде помилување на осудените лица за настаните врзани со насилниот упад во Собранието на 27 април 2017 година.
На прашање на МИА дали Пендаровски планира помилувања во врска со упадот во Собранието, а во врска со изнесените негови ставови денеска во интервјуто за Канал 5, од кабинетот на претседателот појаснуваат дека тој сугерирал дека доколку некој поседува нoви докази, кои можат битно да влијаат врз исходот на постапката, потребно е да ги искористи законски гарантираните вонредни правни лекови што потенцијално може да доведе до обновување на постапката.
-За да не се политизира целата постапка, секој кој евентуално поседува нови докази треба да ги приложи до судот, а не на настанот да му дава политички квалификации. Како легалист председателот Пендаровски смета дека тоа е единствениот правен пат за да се разрешат сомневањата каде што тие постојат, велат од Кабинетот на претседателот за МИА.
-Јас луѓето првично ги прашував околу мене за какво кривично дело се гонат, јас знам дека такво кривично дело мислам формулација таква немаше на времето ниту во бивша Југославија, ниту во 90-тите години. Тоа е подоцна прифатено. Бидејќи јас нешто знам околу тероризмот и околу безбедносните проблеми и дилеми, јас тврдам дека тие луѓе не беа терористи што влегоа, изјави претходно Пендааровски во интервјуто за Канал 5.
МИА