На денешната ждрепка во Берлин извлечени се групите за Еуро 2022 – ММС
ММС

Објавено на: 04/29/21 8:57 PM

На денешната ждрепка во Берлин извлечени се групите за Еуро 2022

Македонија веќе подолго време не е дел од европскиот кошаркарски крем, но кошарката на „стариот континент“ на највисоко репрезентативно ниво продолжува со радување на љубителите на овој спорт.

Денес во германската престолнина беше извршена ждрепката за Европското првенство во 2022 година. Словенија ќе започне со одбрана на титулата во исклучително тешката група, додека пак нашиот сосед Србија ќе има навидум лесна задача во последната група Д.

Еуро собирот ќе се одржи следната година од први до 18-ти септември во четири земји: Италија, Чешка, Грузија и Германија. Во групата А, Шпанија, Русија, Турција, Грузија, Белгија и Бугарија ќе се борат за прогрес во понатамошната фаза, а Шпанците како светски прваци се убедливи фаворити и за освојување на групата, но и за соединување на двата најголеми пехари.
Словенците во групата Б, заедно со Франција, Литванија, Германија, Унгарија и Бих, дефинитивно ја добија најтешката задача и преку „групата на смртта“ ќе се обидат да ја одбранат заслужено освоената титула од 2018 година.
Јужниот сосед Грција, во групата Ц ќе се соочи со Италија, Хрватска, Украина, Велика Британија и нам добропознатиот опонент, Естонија. Од репрезентациите од регионот, впечатокот е дека Србија ја доби „најлесната“ група и е изразит фаворит во однос на Чешка, Холандија, Финска, Полска и Израел.
Некогашната НБА ѕвезда, легендарниот Германец, Дирк Новицки, беше „лесна или помалку лесна за некои рака“ при денешното извлекување за Европското првенство во 2022 година.
Фото:
Twitter / @EuroBasket
д.ј