Вакцините „Синофарм“ пристигнуваат во земјава утре во седум часот наутро – ММС
ММС

Објавено на: 04/29/21 5:44 PM

Вакцините „Синофарм“ пристигнуваат во земјава утре во седум часот наутро

Кинеските вакцини „Синофарм“ утре од седум часот наутро пристигнуваат во земјава. Бројка од 200.000 вакцини кои државата ги купи во директни преговори со производителот, од утре ќе бидат на располагање на здравствените власти и ќе помогнат во борбата со имунизација на населението.

По тој повод пред Поликлиниката Јане Сандански, ќе се одржи настан на кој ќе бидат присутни министерот за здравство, Венко Филипче и амбасадорот на Народна Република Кина во нашата земја, Џан Ѕуо.