„Фиќо“ односно „застава 750“ и „пегла“ или полски „фиат 126п“ се два легендарни автомобили на источноевропската автоиндустрија од втората половина на дваесеттиот век, а кој од овие мали коли бил подобар или побрз било секогаш прашање помеѓу нивните сопственици. „Фиќо“ се роди во 1955 година, а „пеглата“ во 1973 година.
Иако се работи за два мали автомобили, посебно за денешното време, за многумина во бившите ју-простори тие биле семејни или први автомобили кои ги возеле.
Хрватскиот рели возач Јурај Шебаљ со помош на актерот Жељко Перван и комичарот Младен Хорват реши барем делумно да одговори кој од овие два градски автомобили бил побрз во емисијата „Автомаркет“.
Перван и Хорват, некогашни сопственици на овие два модели, на крајот ги одмерија и силите во трката на 402 метри. Кој ја доби трката? Победник беше југословенската легенда на четири тркала, славното „фиќо“.
Извор: Mondo.rs
Видео: Avtomarket