Бионтек очекува во јуни ЕУ да ја одобри вакцината против коронавирусот за младите од 12 до 15 години – ММС
ММС

Објавено на: 04/29/21 1:24 PM

Бионтек очекува во јуни ЕУ да ја одобри вакцината против коронавирусот за младите од 12 до 15 години

Германската лабараторија Бионтек наскоро ќе побара од ЕУ одобрување на вакцината против ковид-19 за децата на возраст од 12 до 15 години. Од Бионтек очекуваат дека нивната вакцина против коронавирусот би можела да го добие ваквото одобрение веќе во јуни.

„Во Европа сме во последната фаза, пред да и’ ги предадеме податоците за клиничките испитувања на Европската агенција за лекови. Постапката би требало да трае четири до шест недели“, изјави за германски Шпигл, директорот на Бионтек, Угур Шахин.

Вакцината во моментот е одобрена само за лицата од 16 години па нагоре. Бионтек и партнерот Фајзер на почетокот на април во САД поднесоа барање за итно одобрување на нивната вакцина за адолесцентите од 12 до 15 години. Барањата се засноваат на податоците од клиничкото испитување во трета фаза за наведената возраст.

Овие податоци беа објавени кон крајот на март и покажаа дека вакцината е ефикасна сто проценти во спречувањето на болеста, оценува лабараторијата. Вакцината добро се поднесува и реакциите во основа се слични на оние кои се забележани кај лицата од 16 до 25 години – додаваат Фајзер и Бионтек.

За децата од 5 до 12 години, Шахин и понатаму се потпира на резултатите од клиничкото испитување во јули и планот е дека одобрувањето ќе се добие во септември. Резултатите од истражувањето за децата на помала возраст би можеле да бидат расположиви во септември.

„Проверката ќе трае од четири до шест недели“, додава Шахин. Тој оценува дека колективниот имунитет во Европа е можно да се случи во јули, најдоцна во август. Уверува и дека вакцината е ефикасна и за индискиот сој на коронавирусот.

Извор:   rs.n1info.com