Македонските ракометари славеа против Финска во Рихимаки – ММС
ММС

Објавено на: 04/28/21 11:04 PM

Македонските ракометари славеа против Финска во Рихимаки

Во рамките на групата седум, македонската ракометна репрезентација забележа уште една победа во квалификациите за Европското првенство. Овојпат „жртвата“ на селекцијата предводена од Кире Лазаров беше Финска, откако ракометарите со фуриозното второ полувреме каде што примија само осум погодоци, забележаа победа од 22:27 за конечно окончување на најверојатно втората позиција на табелата.

Првиот дел целосно им припадна на домаќините во Рихимаки, а во самиот финиш во воведните 30 минути, Финците успеаа да дојдат до водство од два погодоци разлика (14:12). Ново лице на сениорите кои ќе заиграат помеѓу најдобрите европски селекции следната година во Словачка и Унгарија, видоа љубителите на ракометот во второто полувреме. Од 45-тата минута на дуелот, Македонија „даде гас и ја стопи разликата“, за конечна победа на можеби неочекувано тешкото гостување во Скандинавија.

Кузмановски и Лазаров во нашата репрезентација беа најефикасни со по пет голови, а кај поразените Гранулд со шест се најде на врвот на листата на стрелците.

Нашата репрезентација во последното коло од квалификациите ќе ја дочека Швајцарија во Скопје, на втори мај во недела од 18:00 часот.

 

 

 

 

д.ј

Фото:

macedonianhandball.com.mk