Пратеничките прашања се во дневниот ред на 40-тата седница наСобранието на РСМ.
Според процедурата за пратенички прашања, предност ќе имаат пратениците од опозициските ВМРО – ДПМНЕ, Алијанса на Албанците и Левица, а секое трето прашање, ќе биде од пратениците од владејачкото мнозинство од СДСМ и од ДУИ.
Додека трае седницата, во 12:00 часот, пратеникот Димитар Апасиев, закажа прес конференција, на која ќе го образложи Предлог-законот за патните трошоци на пратениците, што Левица ќе го поднесе до Собранието на РМ.