Синдикалците преку протест ќе го одбележат Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај. „Здружени со иста цел” е мотото на маршот кој ќе се одржи во Скопје во организација на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).
Маршот ќе почне пред зградата на ССМ во 10.30 часот со почитување на сите мерки и препораки за заштита од ковид -19.
– Празникот на работниците, 1-ви Мај, го одбележуваме загрижени за своето и здравјето на нашите семејства, за голем број од нас во услови на намалени плати, откази на договорите за вработување и грижа за нашата елементарна егзистенција. Ги повикуваме сите работници, кои ги препознаат нашите вредности и заложби, да се приклучат во семејството на ССМ, семејство на рамноправни членови, работници и граѓани, кои не сакаат само да критикуваат, туку сакаат дирекно да се вклучат со сиот свој капацитет и потенцијал, во креирањето и градењето на државата – наведуваат од Сојузот во денешното писмено соопштение.