И гола и облечена јас сум најдобра риба која шета на Балкан, изјави Карлеуша – ММС
ММС

Објавено на: 04/27/21 7:50 AM

И гола и облечена јас сум најдобра риба која шета на Балкан, изјави Карлеуша

По изјавата дека Џенифер Лопез не се замара кога се соблекува гола, Јелена Карлеуша уште еднаш ги нападна хејтерите. Таа на Инстаграм им порача  на сите кои негативно го коментираат нејзиниот изглед:

– Секако дека сите сте лицемери. Да не спомнувам дека сум далеку подобра риба од Џеј Ло и за десет години помлада. Сè  туѓо е добро за нас, ние плукаме по нашето. Но, во која дупка на животот ќе бев ако слушав што ќе ми каже Балкан.  И така и вака јас сум гола – најдобро облечена (и најдобра риба) што шета во овој регион. И согласноста на повеќето за мене е подеднакво важна како и резултатите од изборите во Боцвана! И да – сосема е неважно дали имам 20, 30, 40 или 150 години – не ме интересираат тие бројки и оние параметри за сељаците – рече пејачката.