Спортскиот центар „Илинден“ во Рокдејл, крај Сиднеј е клуб на Македонци кои живеат во Австралија, додека „Сиднеј Јунајтед 58“ е основан од Хрвати.
Натпреварот заврши мирно 0: 0, но тоа не може да се каже за настаните околу стадионот. Навивачите се тепаа меѓу себе и гаѓаа со се што ќе им дојде при рака. Летаа сандуци, шишиња, факели, тули, а биле користени и метални шипки. Уапсени се десет хулигани а троица мажи биле пренесени во болница со полесни повреди.
„Постар полицаец ја опиша тепачката на фудбалски натпревар на југот на Сиднеј како „срамна“, а инволвираните како „морони“, информира австралискиот портал amp.abc.net.au.
Sydney United fans at @RockdaleIlinden this evening. pic.twitter.com/TTg4Pn9GB4
— Brendan King (@BrendanJKing) April 25, 2021
Sydney United fans at @RockdaleIlinden this evening. pic.twitter.com/TTg4Pn9GB4
— Brendan King (@BrendanJKing) April 25, 2021
Фото и видео: https://amp.abc.net.au