Централниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, чиј договор со „црвените ѓаволи“ истекуваше следното лето, ја продолжи верноста со полуфиналистот во Европа Лига до 2024 година.
Дваесет и седумгодишниот репрезентативец на Брегот на Слоновата коска, ќе има опција и по 2024 година да го продолжи договорот со Јунајтед, а како што пренесува „Sky Sports“, поранешниот играч на Виљареал стравувал дека клубот од „црвениот“ дел на Манчестер нема намера да го задржи во своите редови и ваквите вести за него биле позитивни и изненадувачки.
-Многу сум среќен. Не мислев двапати донесувајќи ја оваа одлука. Го сакам овој клуб и сакам да играм за Манчестер Јунајтед. Јас сум среќен, моето семејство исто така, одлично е. Сега откако ја надминав повредата и заздравев, се чувствувам добро и фит и тоа е тоа. Новиот договор за мене претставува нов предизвик и подготвен сум за него, изјави Баји за клупскиот веб-сајт.
Одбранебниот фудбалер пристигна на „Олд Трафорд“ во 2016 година и сезонава ја надмина бројката од 100 настапи во дресот на славниот англиски клуб.
Фото:
Twitter / @Sporf