Намалување на полицискиот час од 21 часот, отворање на летните тераси од угостителските објекти и Велигденските и Рамазанските празници да се поминат без полициски час, ова е предлогот на Кризниот шаб кој ќе биде разгледан на утрешната владина седница
Измиантиот период има опаѓање на епидемиолошката крива на новозаболени од Ковид 19, како и хоспитализации, вели министерот за здравство Венко Филипче. Ваквата состојба ќе резултира и со нови рестриктивни мерки кои ќе бидат предложени на Влада.
„Најпрво да се отворат сите летни тераси во сите угостителски објекти, полицискиот час да се скрати и да почне од 21 часот и за време на престојните празници за Велигден сабота кон недела, и 12 ти наспроти 13 ти кога се слави Рамазан Бјрам да нема полициски час граѓаните да може слободно да се движат, и во тој период работењето на полицискиот час да биде до 21 часот“, рече Филипче. Притисокот кон болниците во внатрешноста се намалува, а со тоа и бројот на оздравени пациенти е поголем.
„Притисокот од тие болници за префрлање на пациентите во скопските јавни здравствени институции и координацијата на институциите, на Клиниката во Козле примите се намалуваат. Ако имавме некаде близу 200 приеми на почетокот на април во текот на вчерашното деноноќие 69, споредена со највисоката бројка на хоспитализирани 1789 сега е околу 1400“, рече министерот.
Денеска во спортската сала Борис Трајковски се одвива ревакцинација на пациентите кои ја примиле првата доза од вакцината „Спутник“. Денеска како што најави министерот ќе пристигнат и фајзеровите 10.000 вакцини преку диркетен договор и почетокот на месец мај и 200.000 вакцини од Кина.
„Го добивме распоредот за вакцините на Фајзер, како секој понеделник ќе добиваме од 4000 до 7000 вакцини вкупно 26.000 вакцини овој месец, треба да пристигне и одредена количина и преку системот за солидарност на ЕУ преку Австрија. Кинеските вакцини околу 28 април треба да се подигнат од Пекинг, на 30 -ти преку Истанбул да бидат во Белград и потоа со специјален ланец на камиони да стигнат во Скопје и ќе бидат сместени во ладната соба во здравстевниот дом „Јане Сандански““, рече Филипче.
Мерките ќе важат до завршување на сите празници, а потоа согласно епидемиолошката состојба ќе се носат нови рестриктивни мерки.
Г.Д