Вака утрово го започнавме нашиот работен ден, објави на социјалните мрежи градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ со фотографија како тој доаѓа на работа со велосипед со неговите соработници од Градската управа на Бања Лука.
„Горд сум на нашите вработени во градската администрација кои денес испратија личен пример дека заедно можеме да ја промениме свеста за употреба на велосипеди. Градот ќе најде начин да стимулира набавка на велосипеди за вработените во градската управа и со тоа дополнително ги мотивираме вработените и нашите сограѓани. Од денес и официјално ги паркираме своите две тркала пред Градската управа на новите паркиралишта“, најави Станивуковиќ.
Градоначалникот на Бања Лука, Станивуковиќ кој во декември минатат година стапи на функцијата, јавноста го препознава по неговата прва донесена одлука кога нареди сите клучеви од над 50 службени автомобили да бидат вратени во просториите на канцеларијата на градоначалникот.
Тој на социјалните мрежи тогаш објави и фотографија од својот работен кабинет со полна маса клучеви од автомобили.