Партијата на Еди Рама ги освои парлементарните избори следени со инциденти – ММС
ММС

Објавено на: 04/26/21 7:40 AM

Партијата на Еди Рама ги освои парлементарните избори следени со инциденти

Првите прелиминарни резултати на албанската Централна изборна комисија покажуваат дека владејачката Социјалистичка партија на Еди Рама освои најмногу – 46,27% од гласовите на парламентарните избори. Опозициската Демократска партија на Љуљим Баша доби 44,71 процент од гласовите, а Социјалистичкото движење за интеграција на претседателот Илир Мета 6,67 проценти од гласовите.

Околу 3,6 милиони албански граѓани со право на глас вчера избраа пратеници, кои ќе ги претставуваат во албанскиот парламент во следните четири години. Во изборите учествуваа 12 партии или коалиции.

Гласањето не помина во најдобар ред. Електронските машини за идентификација на гласачите не работеа на 167 од 5.199 избирачки места, бидејќи не можеше да се најдат луѓе кои ќе ги управуваат во оддалечените области.  Полицаец е повреден на избирачко место во градот Фуш – Арез во близина на Тирана. Полицаецот бил нападнат со нож , а причината за нападот е непозната. Полицијата соопшти дека трага по 32-годишен маж како осомничен.

Премиерот Рама, кој побара трет последователен мандат, прогласи победа .

Ајде да го слушаме народот сега. Албанија ќе излезе како победник од овој процес, а не само партијата што ќе продолжи да ја води земјата”, рече Рама по затворањето на избирачките места.

Опозицискиот лидер Баша исто така рече дека неговата партија победила.

Честите судири меѓу симпатизерите на двете партии кулминираа во средата , кога приврзаник на социјалистите на Рама беше убиен од член на Демократската партија за време на кавга меѓу членовите на спротивставените партии.

Еден маж беше уапсен, поради закана дека да ги запали гласачките кутии. Според албанските медиуми, тој стоел на влезот на гласачкото место со шише гориво во раката. Полицијата, која во тоа време била на местото на настанот, го уапсила пред да ја изврши својата закана.

Како што беше претходно најавено, едно лице беше уапсено, а по уште две лица се трага откако претепаа граѓанин и му се заканија со пиштол во албанскиот град Тропоја.

 

текст:данас.рс

фото:Топ ченл