Со трансплантирано срце татко ми ја прележа короната на нога, полн со желба за живот – Со Васил, синот на Иван Огњановски – ММС
ММС

Објавено на: 04/25/21 8:02 PM

Со трансплантирано срце татко ми ја прележа короната на нога, полн со желба за живот – Со Васил, синот на Иван Огњановски

По скоро една година откако беше извршена трансплантацијата на срце, Иван Огњановски се чувстува добро. Неговиот син Васил, кој беше гостин во емисијата „Стадион“ на за Канал 77 вели дека тој полека се враќа во неговиот нормален животен тек, но овој пат полн со желба за живот.

„Помина скоро една година, татко ми е во одлична состојба и форма. Си се врати полека во нормалниот живот, во нормалните обврски. Сите параметри што требаше да си дојдат на место, си дојдоа. Срцето си функционира супер, се чувстува полн со енергија, полн со желба за живот“, вели Васил Огњановски.

 

Она од што сите патиме повеќе од една година е пандемијата од корона вирусот, а пациентите, каков што е Огњановски треба посебно да внимаваат. Но, ова зло не го одминало ни Иван. Васил вели дека неговиот татко покрај што одлично се чувстува по трансплантацијата на срце, без никакви последици го прележал и корона вирусот.

„Ние бевме многу изненадени поради тоа што тој го прележа корона вирусот  „на нога“ и тоа не изненади. И покрај вирусот нема никакви последици и тоа е се поради терапијата која ја прима заради срцето. Немаше класични симптоми, само му беше лошо, му се гадеше од храна. Така всушност забележавме дека нешто не е во ред, мислевме дека е поради желудникот, бидејќи прима терапија, но излезе дека е од корона вирусот“, раскажа Васил за Канал77.

Габи Додевска