Ги малтретирал татко му, сопругата и детето – Семејно насилство во Демир Капија – ММС
ММС

Објавено на: 04/25/21 5:56 PM

Ги малтретирал татко му, сопругата и детето – Семејно насилство во Демир Капија

Во денешниот билтен МВР информира за семејно насилство во Демир Капија, кое се случило утрово.

-На 25 април во 03.15 часот, полициски службеници од Полициската канцеларија Демир Капија го лишиле од слобода С.П.(33) од Демир Капија, затоа што се однесувал агресивно кон неговиот татко и ги малтретирал сопругата и малолетното дете во домот, велат од МВР.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.