Вкупно 920 пациенти се лекуваат на инфективните одделенија низ земјава, само во Скопје вчера хоспитализирани се 34 лица – ММС
ММС

Објавено на: 04/25/21 11:00 AM

Вкупно 920 пациенти се лекуваат на инфективните одделенија низ земјава, само во Скопје вчера хоспитализирани се 34 лица

Во изминатите 24 часа  во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 920 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

Од Министерството информираат дека по извештаите на болниците кои пристигнуваат до нив  на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 125 пациент позитивен и суспектен на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 71 пациент. На  инфективното одделение во Тетово има 37 пациенти, во Велес се лекуваат 83 болни, а во Куманово 97 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 95 пациенти, во Прилеп 95, во ковид центарот во Гостивар 31, а во Струга 24 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 113 пациенти, во Кочани 43 во Кичево 35, Кавадарци 52, а во Гевгелија 19 лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 34 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 587 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1507 и има околу 500 празни болнички кревети во ковид центрите.