Јутјуберот Нико Омилана (23) одлучил да се кандидира за градоначалник на Лондон, а според анкетите, тој е најпопуларниот независен кандидат на изборите.
Нико дошол на идејата бидејќи „ништо не функционирало за младите“, а на социјалните мрежи каде што го пратат 1,1 милиони луѓе ги повикува да го поддржат и гласаат за него.
Тој на Инстаграм со фотографија и видео пред Би-Би-Си апелирал дека оваа медиумска куќа прави интервју со него, а неговата објава има речиси пола милион лајкови. Анкетите покажале дека Никко на изборите би можел да освои пет отсто од гласовите , што би значело дека е најпопуларниот меѓу независните кандидати.
View this post on Instagram
Омилана е еден од кандидатите на изборите, кои требаше да се одржат во 2020 година, но се одложени поради пандемијата.
Извор: Телеграф.рс
Преведно: М.П.Насковска